Digital

ПОСЛЕ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Меколи Калкин повторно глуми во „Сам дома“ (видео)

20 дек 2018

Пред 28 години пред Божиќ беше премиерата на првиот дел од легендарниот филм „Сам дома“. Главен лик беше актерот Меколи Калкин, кој го глумеше одумгодишното момче Кевин.

После речиси три децении, Калкин повторно се појавува пред камерите во улогата на палавиот Кевин. Но, овојпат тоа се само куси римејк-сцени од првиот дел на филмот.

Се работи за рекламно видео на Гугл, односно за звучникот со вграден гласовен асистент.

Кевин е повторно дома, но веќе не е сам. Тој се „дружи“ со гласовниот асистент на „Гугл“ и повторно прави палавштини.

Сепак, за разлика од пред три децении, во римејкот главната битка против крадците ја водат паметните електронски уреди, раководени од гласовниот асиситент во куќата.

Во продолжение можете да погледнете и како одело снимањето на римејк-сцените од „Сам дома“.

Прашање што се поставува е како им успеало од „Гугл“ да го наговорат Калкин повторно да се појави пред камерите, со оглед дека актерот во последните години се соочи со повеќе проблеми, меѓу кои, како што се шпекулираше, и со зависности.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме