Digital

ШТО СЕ „ЛАЈКУВАШЕ“ ВО СВЕТОТ: Десетте најпопуларни објави на Твитер во 2018 година

30 дек 2018

Милионски прегледи, лајкови и ретвитувања добиле десетте најпопуларни објави на Твитер во 2018 година. Тоа се вели во анализа на агенцијата што се занимава со маркетинг на социјални медиуми, „Talkwalker“.

Како репер за рангирање на „твитовите“ се бројот на ретвитувања и „лајкови“, како и бројот на прегледи. Притоа не е земен во предвид квалитетот и содржината на објавата. Така, се појавуваат и објави со одреден вулгарен јазик.

Претежно се работи за видео содржини споделени преку Твитер. Во повеќето од нив се појавуваат домашни миленици.

Рангирањето се однесува на објави од индивидуалци и од микро-инфлуенсери што се објавени на англиски јазик. Брендови и компании, не се вклучени.

10.
На десетто место е фотографијата од домашно куче, седнато на совозачко место, којашто добила 1,7 милиони „лајкови“ и ретвитови.

9.
Маѓионичар што изведува трикови со дете им ги стопи срцата на твитерџиите. Неговото видео се најде на деветто место со 1,74 милиони „engagements“ и повеќе од 30 милиони прегледи.

8.
На позиција број осум се наоѓа актерот Крис Еванс, којшто објави колку е задоволен од снимањето на филмот „Avengers 4“, којшто ќе излезе на пролет во 2019 година.

Според анализата на „Talkwalker“, неговиот пост достигнал 1,78 милиони интеракции.

7.
Твитер-корисникот @curledbitch објави видео од патка што трча по улица и бргу стана хит. Неговата објава достигна 1,83 интеракции и го постави на седмото место.

6.
На шестата позиција се најде @Spokesmayne, којшто е можеби и првиот легитимен микро-инфлуенсер. Тој објави видео од неговата сестра додека му подарува главица кромид на познатиот анимиран лик Гринч.

Видеото собра 17,5 милиони прегледи и 1,9 милиони интеракции.

5.
Кучето што сака од својот сопственик да го добие истото тоа што го добива и другото куче, стана омилено кај корисниците на Твитер. Видеото собра 1,91 милиони интеракции и 20 милиони прегледи. Тоа го позиционира на петтата позиција.

4.
Не секогаш во листата се наоѓаат „интересни“ Твитерџии. Некогаш, сосема заслужено, голема популарност стекнуваат и политичари.
Така, на четвртото место се најде поранешниот американски претседател Барак Обама, со неговата објава за младите и нивната моќ да го сменат светот.

Неговиот твит достигнал 2,06 милиони интеракции.

3.
Со смртта на Стен Ли, ко-авторот на суперхероите како Спајдермен, Ајронмен и Блек Пантер, твит од неговиот акаунт беше масовно споделуван. Тој достигна 2,5 милиони интеракции и се искачи на третото место.

2.
Кога станува збор за домашни миленичиња, најчесто тоа се кучиња и мачки, чија популарност е неприкосновена. Но, изненадувачки, на високото второ место се најде видео од игуана што паѓа од масата.

Видеото, наречено „Вечерата тргна во несакана насока“, достигна 26 милиони прегледи и речиси 2,5 милиони интеракции.

1.
На првата позиција, изненадувачки, од „Talkwalker“ тврдат дека е видео на момче од Кореја. Неговото видео е дел од низата видеа што се појавија како одговор на предизвикот од Дрејк, #InMyFeelingsChallenge, којшто беше особено популарен во текот на летото.

Дали ова видео навистина ја заслужува позицијата, оценете сами.

(AdToDate.mk/Извор: Talkwalker)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме