Digital

ДАЛИ ПАТИТЕ ОД НОМОФОБИЈА: Избран е зборот на годината за 2018 година (видео)

06 јан 2019

Номофобија е збор на годината за 2018-та, објави уредништвото на познатиот онлајн „Кембрич речник“ (Cambridge Dictionary). Зборот е избран со гласање на корисниците од цел свет, како од тие што англискиот јазик им е мајчин, така и од интернационалните говорници.

Дали знаете што е номофобија? Веројатно и вие страдате од овој синдром.

Зборот (nomophobia) е комбинација од „no-mobile-phobia“. Според дефиницијата на Cambridge dictionary, тоа е страв од губење на мобилниот телефон или од немањето можност тој да се користи.

Зборот бил избран во рамките на гласање во кое од онлајн-корисниците на речникот се барало да оценат кој термин најмногу ја обележува 2018 година.

Зборот во основа не е нов. Според објаснувањето од уредништвото на речникот, терминот почнал да се појавува во јавноста уште во 2008 година. Откако и медиумите во Велика Британија почнале да го користат, зборот бргу се проширил на интернационално ниво. Во речникот на Кембриџ официјално бил внесен на почетокот од 2018 година.

Терминот бил дел од листа на потесен круг зборови што биле селектирани од страна на уредувачите на речникот. Критериумот за избор бил според тоа колку често се користеле во медиумите и јавноста во текот на изминатата година.

Така, освен „Номофобија“, солидно голем број гласови добиле и зборовите:

- Полова разлика (gender gap): Го покажуваат начинот на кој мажите и жените различно се третираат и различно се поставени во општеството.

- Екоцид (ecocide): Уништување на природната средина, со нанесување големи штети врз целокупниот екосистем.

- Слободен превод за третиот збор е „неприфатливост“ (no-platforming): Попречување на некого да ги покаже во јавност и да ги реализира сопствените идеи или верувања, поради нечиј став дека тие се опасни или неприфатливи.

Во продолжение може да се погледне видеото во кое се објаснува како функционира речникот од Кембриџ и како се надополнува со нови термини што ги отсликуваат современите навики и потреби на луѓето.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме