Digital

ДАЛИ ДА ГО СМЕНАМ ПАСОШОТ: Британската влада со радио-реклами ги подготвува граѓаните за Брегзит

08 јан 2019

Британската влада почна да емитува радио-реклами со кои ги повикува граѓаните да се информираат за конечното излегување на Велика Британија од Европската унија.

Целосното напуштање на ЕУ треба да се случи на 29 март, а до тогаш милиони граѓани треба да се подготват за промените што ќе ги донесе новата политичка ситуација.

Рекламите, односно пораките се емитуваат преку комерцијалните радио-станици низ Британија. Направени се да изгледаат како аудио соопштенија од звучник на железничка станица.

Пораките се фокусирани на главните прашања што ги загрижуваат обичните граѓани, како тоа дали треба да го сменат пасошот, дали треба да бараат визи за влез во Европската унија, дали треба да плаќаат роаминг...

На крајот од пораките, слушателите добиваат упатство да ја посетат владината интернет-страница на која се објаснети голем дел од прашањата поврзани со Брегзит.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме