Digital

НЕМА ВЕЌЕ ПОНУДИ СРЕДЕ ЕКРАН: Гугл стартува глобален блокатор за реклами

13 јан 2019

Гигантот „Гугл“ од јули годинава на својот пребарувач „Гугл хром“ ќе воведе интегриран блокатор за реклами на глобално ниво.

Блокаторот деновиве беше пуштен за корисниците во САД и во Европа и достапен е како екстензија на пребарувачот. Тој е во корелација со новите стандарди за рекламирање, одредени од страна на Коалицијата за подобри реклами (Coalition for Better Ads).

Рестрикцијата се однесува на 12 најзастапени форми на нападно рекламирање, како што се т.н. поп-ап прозорци, рекламни видеа што автоматски се пуштаат и широк појас на т.н. „sticky ads“.

Блокаторот е резултат од процесот што дигиталниот гигант го почна во ноември минатата година, при што беше најавено дека ќе бидат бликирани сите форми на рекламирања на интернет страниците на кои корисниците пријавиле негативни искуства.

Администраторите на интенрет страниците што ќе се соочат со ефектите од блокаторот, ќе имаат рок од триесет дена да реагираат и да направат измени на нивните рекламни содржини.

„Од милиони интернет страници, што беа под ревизија, само еден процент ги имаат филтрирано нивните реклами“, вели Бен Гелбрајт, одговорен за продукти во „Гугл“.

Коалицијата за подобри реклами ја сочинуваат брендови како „Procter&Gamble“, „Unilever“, „Гугл“, „Фејсбук“.

(AdToDate.mk/Извор: Thenextweb)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме