Digital

ЗАКЕРБЕРГ ПРИМЕНУВА РЕЖИМСКИ МЕТОДИ: Избришани стотици руски страници од Фејсбук

20 јан 2019

Фејсбук, најголемата социјална мрежа во светот, која е сместена во САД, почна да применува методи на замолчување, какви што се карактеристични за земји во кои владее режим што ја забранува слободата на говорот.

Компанијата на Марк Закерберг избриша 289 фејсбук-страници што се поврзани со „Спутник“, познатата руска медиумска куќа што има регионални студија и во Велика Британија и САД.

Според објаснувањето од „Фејсбук“, потегот е направен со цел да се намали можноста за евентуални влијанија врз американската политика, зашто страниците, како што се тврди, ширеле лажни вести.

Наводно, страниците биле поврзани со профилите на лица што се дел од агенцијата „Спутник“.

„Покрај обидот да го прикријат идентитетот, откривме дека тие страници и профили се поврзани со лица што работат за 'Спутник'“, се вели во изјава на Нејтенил Гличер, одговорен за кибернетска безбедност во „Фејсбук“.

Од страна на „Спутник“ негодуваат за одлуката и велат дека се работи за „политички потег, којшто е еднаков на цензура“.

Според тоа што се знае во јавноста, избришани се 289 страници и 75 одделни профили поврзани со мрежата. Биле активни од 2013 година и имале вкупно околу 790.000 фанови.

Од „Фејсбук“ во 2017 година тврдеа дека „неавтентични“ руски профили потрошиле 100.000 долари за „бустирање“ содржини за да влијаат на изборите во САД во 2016 година.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме