Тротинети и велосипеди што самите возат по улици е дел од футуристичката замисла во новата стратегија за градски транспорт на компанијата Убер.
Според објави на американски медиуми, компанијата веќе собрала тим од инжинери што почнале да работат на новата стратегија.
Информацијата ја објави и Крис Андерсон, првиот човек на калифорниската компанија за автономни дронови „3D Robotics“.
Exciting announcement from @UberATG at today's @DIYRobocars event. "Micromobility" = autononomous scooters & bikes that can drive themselves to charging or better locations. Hiring now pic.twitter.com/sOjroo8XZI
— Chris Anderson (@chr1sa) January 20, 2019
Главната идеја на „Убер“, која е водечка компанија за градски транспорт во САД, е да им излезе во пресрет на корисниците што сакаат да го избегнат метежот и кои се подготвени да се движат на електрични тротинети или велосипеди.
Концептот на електрични тротинети во САД веќе има земено голем замав. Но, најголемиот проблем е што корисниците овие тротитнети ги оставаат каде било низ градот.
Замислата на Убер е да создаде тротинети што самите би се враќале во „базата“ на полнење на батериите или би дошле на повик од страна на корисник.
Од Убер веќе се обидоа да го развијат концептот на автономни автомобили, но реализацијата на плановите не оди според замисленото темпо.
Доколку им успее со тротинетите, тогаш очекувањата се дека ќе дојде до целосен пресврт во концептот на современ и еколошки градски транспорт.
(AdToDate.mk/Извор: Thenextweb.com)