Digital

ГО МРАЗАМ ОВА: Харисон Форд тестира нова понуда од Амазон (видео)

27 јан 2019

Легендарниот американски актер Харисон Форд се појави во тизер за ново видео на „Амазон“ што треба да биде емитувано на 3 февруари. Тоа е датумот кога во САД ќе се случи најпопуларниот спортски настан, финалето во американски фудал, т.н. Супербол.

Актерот, познат од филмовите „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“ се појавува само десетина секунди. Тој отвора футуристички куфер, по што се активира „Алекса“, гласовниот асистент на „Амазон“.

На „поздравот“ од „Алекса“, Форд одговара дека веќе ја мрази понудата.

За каква услуга или производ се работи, ќе биде откриено на 3 февруари. Сепак, од „Амазон“ не откриваат дали рекламното видео ќе биде дел од рекламните блокови за време на спортскиот настан.

Освен со легендата од „Војна на ѕвездите“, снимени се видеа и со други познати личности, меѓу кои се и астрономите на НАСА, близнаците Глејзер и Аби Џонсон.

Финалето во американски фудбал е мета на сите позначајни огласувачи во САД. По традиција тогаш се емитуваат најдобрите реклами во годината, а цената на чинење за една минута се искачува и на милиони долари.

Покрај со Харисон Форд, кампањата содри видеа и со други познати личности.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме