Digital

ЌЕ ИМ БИДЕ СОВЕТНИК: H&M го вработи свиркачот што го откри скандалот со „Кембриџ аналитика“

31 јан 2019

Кристофер Вајли, свиркачот што го откри скандалот со „Кембриџ аналитика“ и злоупотребата на податоците од милиони корисници на „Фејсбук“, доби нова работа.

Тој ќе биде советник за дигитални анализи и вештачка интелигенција во шведскиот моден бренд, „H&M“. Како што објави магазинот „Блумберг“, негова главна задача ќе биде да работи на алгоритми што подобро ќе ги предвидуваат потребите на потрошувачите.

Како советник, Вајли ќе треба да му помогне на шведскиот бренд, преку анализа на потрошувачите и нивните навики, да укажува кои се таргетите на различните пазари каде што е присутна компанијата „H&M“.

Според сознанијата, некогашниот свиркач ќе треба да работи на развој на „одржлива и етичка“ вештачка интелигенција што ќе ги анализира потрошувачите.

Ангажирањето на Вајли е дел од новата тактика на шведскиот бренд, кој сака да се поврзе повеќе со новите технологии зашто, како што се објаснува, не успеал да направи соодветна миграција за доближување до потрошувачите во онлајн просторот.

Сведоштвото на Вајли минатата година ја потресе најголемата социјална мрежа „Фејсбук“, а Марк Закерберг мораше да сведочи пред сенатори и евро-парламентарци за да докаже дека компанијата ги штити податоците на корисниците.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме