Digital

НЕТРПЕЛИВА МЛАДИНА: Вниманието на милениумците е 12 секунди, но кај генерацијата Z е само седум

07 фев 2019

Ако милениумците се сметаа за пионери во дигиталното живеење, нивните наследници, припадниците на т.н. Генерација Z се целосно „дигитализирани“. За нив, аналогното не може да опстојува без дигиталното.

Живееме во време кога опстојувањето без интенрет е незамисливо. Таму се случуваат сите значајни процеси од секојдневието, како забава, информирање, запознавање, комуницирање, трговија, едукација.

Тоа е начинот на живот што го води генерацијата што дојде после милениумците. Тоа се младите лица, родени во периодот од средината на деведесеттите години до првите неколку години од 21. век. Тие се и т.н. „дигитални домородци“ кои од интернетот имаат многу повисоки очекувања отколку нивните претходници.

Очекувањата се дека куповната моќ на оваа генерација најмногу ќе се одрази после 2020 година.

Веќе се прават и истражувања за тоа како ќе изгледа пазарот, модулиран според потребите на „дигиталната“ генерација.

Агенцијата WP Engine, секоја година за потребите на „WordPress“ врши истражување за однесувањето на корисниците на интернет и за нивните очекувања од онлајн содржините.

Според истражувањето, 54 отсто од претставниците на генерацијата Z, истакнале дека луѓето што го креираат и го водат интернетот, се многу повлијателни и побитни од политичарите.

Неверојатни 64 отсто истакнале дека повеќе би избрале да имаат неограничен пристап до интернет, отколку универзитетска диплома.

Младите сакаат и повеќе персонализирано искуство на интернет. Очекуваат интернет-страниците да бидат што поблиски до човекот, но и исклучително брзи и едноставни за „комуницирање“.

Доколку на нивниот претходник, припадникот на Милениум генерацијата му беа потребни 12 секунди за да одлучи дали ќе остане на некоја страница, кај генерацијата Z тоа време е скратено на само седум секунди.

Генерацијата Z е нетрпелива, особено зашто имаат бесконечно голем избор, а вниманието кон некоја содржина им трае колку што им е потребно со палецот да преминат преку екранот од паметниот телефон.

Од агенцијата „WP Engine“ советуваат креаторите на интернет страници да се фокусираат на брзината, адаптибилноста и ефикасноста во нивните крајни продукти.

(AdToDate.mk/Извор: WP Engine)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме