Digital

ЈУТЈУБ ВО ОДБРАНА НА ВАКЦИНИТЕ: Нема веќе заработки од видеа што повикуваат против вакцинација

24 фев 2019

Глобалната социјална мрежа „Јутјуб“ застана во одбрана на вакцините. Ќе забрани рекламни пораки за видеа што повикуваат против вакцинација.

Со овој потег ќе се спречи можноста за авторите на видеа против вакцинацијата да заработуваат од содржината што ја објавуваат на социјалната мрежа.

Потегот на Јутјуб доаѓа откако Гугл, компанијата што е сопственик на оваа социјална мрежа, беше изложена на критики дека дозволува да се шират теории на заговор што водат кон заплашување на родителите дека вакцинацијата е штетна за нивните деца.

Светската здравствена организација предупреди дека „одбивањето на вакцините“ ќе биде една од најголемите закани по здравјето на луѓето во 2019 година.

Од Јутјуб објаснија дека нивна политика е да не дозволат монетизација (заработка) од содржини што се означени како опасни и штетни по луѓето. Од тие причини ќе ја блокираат можноста за канали што повикуваат против вакцинација да добиваат реклами од кои заработуваат.

„Имаме строга политика што јасно укажува на кои видеа може да се појавуваат реклами. Видеата што промовираат антивакцинација го прекршуваат тоа правило“, се вели во соопштение од Јутјуб.

Според објавата на „BuzzFeed“ меѓу бројните јутјуб-канали на коишто ќе им биде скратено правото за заработка од реклами ќе бидат „VAXXED TV“, „LarryCook333“ и „iHealthTube“.

Каналот „VAXXED TV“ (во видеото подолу) е еден од поактивните што промовираат содржини против вакцинација. Нема да биде забранет, но на авторите ќе им биде скратена можноста да заработуваат од содржините, иако имаат голема гледаност.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме