Digital

ДРИБЛИНГ ЗА ПЕПСИ: Дуел на фудбалските ѕвезди Меси и Сала за една лименка (видео)

27 фев 2019

Фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Мохамед Сала покажаа што знаат со топка во новата реклама за пијалакот „пепси макс“. Видеото е забавно, иако содржински не се разликува многу од рекламите во кои од фудбалери се бара да покажат како жонглираат, дриблаат или шутираат.

Според сценариото на рекламата, двајцата се прикажани како во топол ден патуваат со автомобил и пристигнуваат на бензинска пумпа среде пустелија.

Бргу се упатуваат кон фрижидерот. Но, таму ги чека изненадување - само една ладна лименка „Pepsi Max“.
Тогаш настапува хумористичниот момент. За да одлучат кој ќе го добие пијалакот почнуваат жестока „битка“ за последната лименка. Но, на крајот остануваат жедни, па мораат да го бркаат камионот што доставува „пепси“ за ја угасат жедта.

Зад реализацијата на новото видео стои агенцијата BBDO од Њујорк.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме