Local

Биди диџеј, пушти добра музика!

05 јул 2017

Вчера во кафе барот Vinyl се одржа промоцијата на новата апликација за музика Jukebox2. 

Апликацијата има едноставен и лесно совладлив интерфејс. Во самата идеја за ваквата апликација, има листа кафулиња кои прават свои плејлисти со музика и песни кои може да ги изберете и да гласате за да ги слушате во локалот. Апликацијата е достапна за iPhone и Аndroid.

Јован Димитров, PR на тимот позади Jukebox2, вели - идејата е гостинот да се ангажира околу атмосферата во омиленото кафуле. Преку апликацијата, може да се пребарувааат омилените песни на листите од кафулињата. Локалите се тие што одлучуваат дали ќе има организиран настан во кој гостите се диџеи, и колку часа ќе биде програмата.

Технички, апликацијата е база во која секое кафуле може да стави своја музика во вид на плејлиста. Песните ќе бидат во редослед со можност да се одбере и гласа додека песната не се искачи на првото место, односно да биде следна за слушање. На овој начин, се демократизира начинот на слушање музика во кафуле, а корисниците/гостите имаат лесна задача да бидат диџеи и да ја креираат личната забава.

Со оваа платформа, луѓето директно учествуваат во забавата и ја градат атмосферата во ноќниот живот. Главните креатори на оваа апликација се Михајло Младенов, Миодраг Цекиќ и Мартин Чоревски.

Вчера Vinyl беше преполн со гости и уживатели на музика и новитети, кои го скенираа кодот на поставените флаери низ локалот и можеа да ја симнат апликацијата. Се бираа песни кои веќе беа во базата на кафулето. Во иднина се надеваме дека ќе има уште многу поводи за да промовираме уште новости од диџејската кабина. wink 

Извор:pirej.mk





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме