Local

Мрежа од карактери низ градов – ќе се исплете ли добра приказна?

21 јул 2017

Пред неколку дена ни стигна покана на Facebook од извесна Мilena, да бидеме Facebook другарчиња. А на профилот – заматена профилна слика,  кауч на cover фотката со цитат – Можеби ако почнам прва, ќе се помрднат работите.

Прво човек ќе си помисли дека е некаква шега. Но... Нештата стануваат уште поинтересни кога ќе сфатите дека не е само еден лик. И не е само еден кауч.

Се работи за купче тизери кои во заедничка мрежа карактери веќе го „заплеткаа“ Скопје. Ликовите се појавуваат и аутдор и дигитално. Ги има на билборди, по автобуси, а богами и во реално време, заедно со сите жители на Facebook и Twitter. Содржината на профилите им е напишана во прво лице, ги креира нивните (вистински?) ликови, и некако целиот контекст влече кон македонска продукција на филм или серија. Кауч, вистина, ликови, цитати, психотерапевт... Па, што навистина ќе биде ова? Останува да видиме.

Освен на Facebook, неколку од ликовите од оваа мистична игра се појавуваат на Twitter, со регуларни твитови, секојдневни мисли и невообичаено насочена профилност. На пример, Zana (@povrzana) е менаџер во маркетинг агенција, а нејзината cover фотографија е со директен став. Кога не би знаел некој дека се работи за тизер кампања, може да помисли дека се работи за егоцентричен, веродостоен идентитет. Сите знаеме по некој ваков „лик“.

 

Освен на Twitter, два профила се на Facebook, со имињата Владо и Гент, а постои и микро-сајтот www.drterziev.mk, кој содржи регуларни информации за психотерапевт, и се разбира можете да му се обратите.

Кој сè се крие зад овие матни ликови, а јасни намери? Што ќе се раскажува на тие каучи и која е намерата на продукцијата со овие скокотливи скокови од една во друга мрежа и канал за провокација?

Will see. A дотогаш, да си легнеме на каучот и да се преправаме дека сме на терапија. wink





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме