Local

ШТО МОЖАТ ТРИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ПЛЕТАЧКИ: Волнен билборд на „кока-кола“ поставен во Србија (фото)

03 окт 2017

 

Повеќе од два месеца им биле потребни на три српски професионални плетачки од Златибор за да го изработат првиот плетен, волнен билборд за „кока-кола“ во светот. Билбордот е поставен во Белград, а е дело на агенцијата МекКен од Белград.

Ова решение веќе го привлече вниманието на минувачите, кои почнаа да даваат различни коментари преку социјалните мрежи. Некои се воодушевени, а некои се шегуваат што глобално популарниот пијалак се претставува преку духот на српската традиција и фолклор.

„Тоа е тоа чувство“, е пораката што стои на билбордот, каде црвениот симбол на „кока-кола“ е поставен во средина, со нож и вилушка од страна. Во подножјето пак се отцртува златиборски пејсаж со пасишта, ливади и селски куќи.

- Вкусовите, текстурите, боите, мирисите и пределите на оваа кампања ни создаваат единствено чувство, чувство на припадност и покажуваат како еден иконичен и светски бренд може и сака да учествува во промоцијата и зачувувањето на локалното културно наследство - вели Дубравка Петровиќ, соработник кретивен директор на агенцијата МекКен од Белград.

Во реализација на проектот учествувале три жени плетачки од Златибор, а по нацрт на дизејнерите Лидија Миловановиќ и Кристина Јовановиќ. Билбордот е дел од рекламен серијал од 12 епизоди, а во кој ќе бидат претставени традиционалните вкусови на Србија.

Целата е да се искомбинираат готвените јадења и традицијата со модерниот начин на живот, при што свое место ќе си најде и мегапопуларниот пијалак „кока-кола“.





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме