Local

ПРЕСУДИЈА ГЛАСОВИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕ: „Лајонес Македонија“ е прогласен за сајт на годината

18 дек 2017

 

Интернет страницата на трговската мрежа „Лајонес Македонија“ е прогласена за Сајт на годината за 2017-та. Наградите беа свечено доделени во рамките на манифестацијата „Сајт на годината“ што во саботата, на 16 декември, се одржа во фоајето на Македонската опера и балет.

Годинава манифестацијата се одржа по осми пат, а во организација на дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“, како и со поддршка на Министерството за култура, и Град Скопје.

„'Сајт на годината% низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото“, се вели во соопштението за манифестацијата.

Доделени беа награди во повеќе категории, при што, како и во претходните изданија, интернет корисниците беа тие што ги кандидираа сајтовите за овој натпревар. Победникот, исто така, е избран според гласовите од интернет посетителите.

Годинава гласале над 10.000 интернет корисници.

Според доделените гласови избрани се најдобри сајтови во повеќе категории, како и најдобра мобилна апликација.

Победници во категоријата на интернет страници:

Најдобар Сајт за 2017 година

Трето место: CRNOBELO.com
Второ место: Grouper.mk
Прво место: Lyoness Macedonia

Храна и здравје:

Трето место: coolinari.mk
Второ место: MAMA's - Macedonian Traditional Recipes
Прво место: Gotvi.mk

Мода и Убавина:

Трето место: Reborn
Второ место: Ubavina & Zdravje
Прво место: DIVIANARTS.COM

Автомобилизам:

Трето место: AvtoPortal
Второ место: Mercedes-Benz Makedonija
Прво место: KRUG.MK

Туризам и угостителство:

Трето место: Aurora tours
Второ место: SAVANA Tourist Enterprises
Прво место: ExploringMacedonia.com

Финансиски услуги, банкарство и осигурување:

Трето место: Silk Road Bank / Силк Роуд Банка
Второ место: Винер Осигурување / Winner - Vienna Insurance Group
Прво место: credissimo.mk

IT и Електроника:

Трето место: IT.mk
Второ место: setec.mk
Прво место: Neptun

Најдобар сајт за владини/државни институции:

Трето место: krivapalanka.gov.mk
Второ место: Фонд за иновации и технолошки развој
Прво место: РСБСП

Најдобар сајт за невладини организации:

Трето место: Дајте ни Крилја
Второ место: LGBT United Tetovo
Прво место: Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Куманово

Образование, наука и култура:

Трето место: Makedonska Opera i Balet - Macedonian Opera and Ballet
Второ место: KupiKniga.mk
Прво место: fakulteti.mk

Е-трговија и огласи:

Трето место: Pazar3.mk
Второ место: Lyoness Macedonia
Прво место: grouper.mk

Најдобар корпоративен сајт:

Трето место: Cineplexx MK
Второ место: Ledikom Mobile Store
Прво место: vrabotuvanje.com

Најдобар мобилен сајт:

Трето место: GRID.mk
Второ место: Кarti.com.mk
Прво место: Grouper.mk

Најдобар блог:

Трето место: karas4training.com
Второ место: Literatura.mk
Прво место: Brainster

Спорт:

Трето место: Sportski.mk
Второ место: karas4training.com
Прво место: Gol.mk

Забава:

Трето место: Panika.be
Второ место: Eden na Eden
Прво место: motika.com.mk

Вести и информации:

Трето место: Biznis Katalog
Второ место: Телевизија 24
Прво место: fakulteti.mk

Во категориите на апликации, за најдобра е избрана апликацијата „Grouper“, на второ место е „Мој Воздух“, а на трето место е НЛБ Клик Македонија.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме