Local

ПРИЗНАНИЕ ЗА АГЕНЦИЈАТА „ЕДЕН НА ЕДЕН“: Жарко Димитриоски прогласен за претприемач на годината

19 дек 2017

 

Жарко Димитриоски, креативниот директор на агенцијата „Еден на еден“ е прогласен за претприемач на годината, во рамки на 11. доделување што го организира Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Наградата „Претприемач на годината“ на Димитриоски му е доделена за категоријата Микро претпријатија.

„Сакаме да го изразиме нашето задоволство што имате доверба во нашиот тим многу пред да бидеме широко препознаени од голем број на клиенти и инсититуции, како во Македонија, така и во странство. Таквата доверба ни овозможи да го постигнеме она што сме денес и кон кое се стремиме во иднина“, истакнува Димитриоски.

Целта на доделувањето на престижната награда „Претприемач на годината“ е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери. Се избираат најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во државата.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2017“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија. Институционален покровител на манифестацијата е Министерството за економија на Република Македонија.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме