Local

МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО ЕВРОПА: Жарко од „Еден на еден“ и Нина од „Групер“ влегоа во листата на „Форбс“

24 јан 2018


Жарко Димитриоски од агенцијата „Еден на еден“ и Нина Ангеловска од „Групер“ се избрани во листата на 300 најуспешни млади менаџери, претприемачи, уметници, иноватори, креативци од Европа, според критериумите на „Форбс“.

Магазинот вчера ја објави листата од 300 најуспешни млади лица коишто се на возраст под 30 години, „30 Under 30 Europe“. Избраните се поделени во десет категории, па така Димитриоски (28 години) се најде меѓу најуспешните млади лица во категоријата „Media & Marketing“. Ангеловска, пак, (29 години) е дел од најуспешните во категоријата „Retail & Ecommerce.

За првпат оваа година во листата се најдоа и млади успешни луѓе од Белорусија, како и од Косово. Од Косово е избрана 27-годишната популарна пејачка Рита Ора, којашто е родена во Приштина, а живее во Лондон.

Листата од 300 највлијателни млади луѓе е направена после долга селекција на повеќе од 20.000 номинации.

„Тие можеби се млади, но се доволно истакнати за својата возраст. Нашите судии прегледаа илјадници номинации и слушнаа експертски мислења, а со цел да се направи листа во која секој што е избран, без оглед дали е музичар од топ-листа, или основач на мулти-милионска компанија, е лидер во неговата или во нејзината индустрија“, се вели во освртот на „Форбс“ за направениот избор.

Целата листа со 300-те најуспешни млади лица во Европа може да се погледне тука.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме