Local

НЕ НОСИ КРАТКО, НЕ ЧУВСТВУВАЈ: Хипстери, девојки и бунтовна музика во новата реклама за Скопско смут

27 апр 2018

Не биди дете, немој да сонуваш, не носи розово, не носи кратко, не мисли, не чувствувај, не биди различен.. се дел од пораките што се појавуваат во новата реклама за пивото „скопско смут“ на „Пивара Скопје“.

Гласот што се слуша во позадина е на актерот Дејан Лилиќ, а во спотот се појавуваат млади луѓе, хипстери, разголени девојки, како и разиграни пензионери. Се појавува и по некоја анимација, како и пароли со содржина во духот на новото време.

Дополнителен „бунтовнички“ сегмент на спотот му дава и музиката на групата „Д'Далтонс“, мелодијата „Дете“, што одлично се вклопува во содржината на видеото.

„Играј по правила, бричи се редовно, седи мирен, омажи се веќе, биди ко другите, не биди дете, немој да сонуваш, не носи розово, не носи кратко, не мисли, не чувствувај, не биди различен“, се сите пораки што се упатуваат од рекламата, чие мото е „Скопско смут - различно од другите“.

Хаштагот под кој се пласира новата рекламна кампања е #ПоТвое.

Зад реализацијата на рекламното видео стои „Публицис“. Продукцијата е на „Мозаик продакшн“, а режијата е на Ѓорѓе Марковиќ. Директор на фотографија е Игор Вуковиќ.

(AdToDate.mk)



Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме