Local

КОЈ ТИ Е ТОЈ ЏАНЛУКА: Тања Кочовска „фатена“ во неверство во новата реклама за „Глос“ (видео)

27 апр 2018

Актерката Тања Кочовска е централен лик во новата реклама за хигиенските шамичиња „Глос“ на „Алкалоид“. Рекламното видео оди на социјалните мрежи, а слоганот е „Да сме на чисто“.

Во кусото видео, Кочовска е прикажана како се враќа дома по мобилниот телефон. Но, нејзиниот партнер во видеото, чиј лик не се гледа, открива дека таа добила порака од некој Џанлука. Прашањето што следи е: „Кој ти е тој Џанлука?“

За да продолжи хуморот во рекламата, Кочовска го премолчува одговорот, но ги зема шамичињата „глос“ во рака и вели: „Не бришат пораки, ама чистат бактерии“. Хаштагот под кој се споделува видеото е ‪#‎ДаСмеНаЧисто‬.

Зад новата кампања на „Алкалоид“ стои агенцијата „Еден на еден“. Од таму истакнуваат дека се фокусирани на подмладување на еден од најпознатите брендови на компанијата „Алкалоид“. Нивното рекламно видео е прво после подолг период затишје во рекламирањето на брендот „глос“.

Многумина уште се сеќаваат на урнебесната реклама што ја сними тимот на „К-15“, а во која девојката на ликот Тошо Малерот му подарува комплет за чистење „глос“.

(AdToDate.mk)



Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме