Local

БЕЗ ПРЕДРАСУДИ, ЗА СЛОБОДА: Девојки топлес протестираат во новата реклама на „Златен даб“ (видео)

09 мај 2018

Девојки со разголени гради што се бунтуваат по теркот на активистките од интернационалната феминистичка организација „Фемен“, се дел од новиот рекламен спот за пивото „Златен даб“.

Видеото е објавено под мотото „За слобода, без предрасуди“, а во него се нагласува став за еднаквост меѓу половите, за прифаќање на луѓето од различни возрасти, но и за инклузивност и на лицата со посебни потреби.

„'Златен Даб' ги почитува разликите и ги отфрла предрасудите. Затоа, погледни ја најновата реклама на Златен Даб - за слобода, без предрасуди“, се вели во објавата за „Златен Даб“ на официјалната страница на „Фејсбук“.

Секако, делот со разголени тела е замаглен, но јасна е пораката за заштита на правото на слободен избор. Во фокусот на видеото се луѓето, додека самото пиво се појавува во мали сегменти.

Хаштагот за новата кампања на Златен Даб е „#БезЕтикети“. Зад реализацијата на кампањата стои агенцијата „Футура 2/2“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме