Local

БРОТЧЕ ОД СТИХОВИ: Струшките вечери на поезијата добија нов постер (фото)

13 авг 2018

Бело бротче од хартија со испишани стихови и перо како едро го сочинуваат дизајнерското решение за новиот постер на годинашните, 57. Струшки вечери на поезијата. Автор на постерот е дизајнерот Лазе Трипков.

Во изјава за „AdToDate.mk“, Трипков вели дека се трудел дизајнот да биде во поетски манир.

- Се трудев да го направам дизајнот што повеќе поетски. Идејата во позадина на оваа дизајнерска приказна е да се долови темата на слободата, миграцијата, пишаниот збор и хартијата која трпи сè. Перото, пак, е мотивот на слободата, на ветерот, начинот на пишување што во случај е кормилото - вели Трипков.

Белото бротче е прикажано како плови под ноќно небо со ѕвезди. Стиховите, пак, што стојат на една од страните на бротчето се од полскиот поет, Адам Загајевски, годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери.

Адам Загајевски, лауреат на СВП
Адам Загајевски, лауреат на СВП

Фестивалот годинава ќе се одржи од 22 до 27 август, а ќе учествуваат бројни домашни и светски поети. Во фокусот ќе биде модерното поетско творештво, ставено во корелација со актуелните општествени превирања.

(T.O./AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме