Local

КОЛКУ БРГУ СЕ ДОАЃА КАЈ ДЕВОЈКА: Новите реклами на „Неотел“ - ем куси, ем забавни (видео)

06 сеп 2018

Симпатична девојка, лежи на кревет и му пишува на своето момче „Сама сум, дојди. Те чекам“. И кога гледачот очекува дека тоа е долга увертира кон приказна што ќе трае, следува изненадување. Момчето во истата секунда, полуразголено, со шише шампањско и спремно за „акција“, слетува во креветот на девојката.

Тоа едното од рекламните видеа што се дел од новата кампања на „Неотел“, а којашто оди под мотото „Толку брз - сурфај со супер брз интернет“.

Кампањата содржи четири видеа во кои се нагласува колку бргу може сè да се случува. Асоцијацијата е на брзиот интернет што го нуди телекомуникацискиот оператор.

Заедничко за сите видеа е тоа што траат по десетина до петнаесет секунди. Иако се чини дека времето за да се раскаже една заокружена приказна е мало, сепак, крајниот ефект е обратен. Гледачот добива впечаток дека изгледал видео со целосна приказна и јасна порака во себе.

Зад идејата, креативата и продукцијата на кампањата стои агенцијата „Division“ од Скопје. Креативен директор е Марко Стојановиќ, а продуцент е Ирена Давиткова Митева. На реализацијата на кампањата се работело две недели.

Сите видеа може да се погледнат и на Јутјуб-каналот на „Неотел“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме