Local

КАМПАЊА НА ПРОДУКЦИЈАТА НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“: Со купена тегла мед им помагате на децата од филмот

04 фев 2019

Продукцијата што стои зад документарниот филм „Медена земја“ што победи на најзначајниот фестивал на независен филм во САД, почна кампања за помош на децата што се појавуваат во филмот.

Кампањата е со цел да се соберат средства за школување на децата што се дел од семејството на Атиџе, којашто е главен протагонист во филмот.

Кампањата се одвива преку интернет страницата на „Медена земја“, (http://honeyland.earth), од каде секој што е заинтересиран може да нарача тегла од 25 грама мед. Средствата што ќе бидат собрани, ќе бидат донирани за децата.

Како што се вели во објавата за кампањата, додека траело снимањето на филмот имало седум деца, а на денот на доделувањето на признанијата за филмот се родило и осмото дете.

Можете да им помогнете на Мустафа, Музафер, Вели, Али, Алит, Гамзе, Љутвиш и најмалото кое сѐ уште нема име. Можете да купите од најубавиот мед од 'Медената земја' и тие ќе ги добијат парите. Лично ќе се потрудиме и вие и децата да го добиете тоа што ви следува“, се вели во објаснувањето за онлајн-кампањата.

Режијата на „Медена земја“ е на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. На фестивалот „Санденс“ филмот ја освои Главната награда од жирито. На режисерите Котевска и Стефанов им беше доделена и Специјална награда од жирито за влијание за промена, а снимателите Фејми Даут и Самир Љума беа наградени со Специјална награда за камера.

Филмот е во продукција на „Аполо медија“ и „Трајс филмс“.

Доколку сакате да се вклучите во кампањата на „Медена земја“, посетете го линкот: http://honeyland.earth.

HONEYLAND, trailer from Deckert Distribution GmbH on Vimeo.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме