Local

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Што ќе се случи со децата ако прекумерно користат мобилни уреди

25 фев 2019

До 2050 година половина од светската популација ќе има пробеми со кратковидност, се вели во анализа на истражувачкиот центар за очна заштита „Plano“, од Сингапур.

Најголеми жртви на кратковидноста ќе бидат децата, а една од најголемите причини за оштетувањето на нивниот вид е прекумерното користење на мобилните уреди.

Овие податоци се доволно застрашувачки сами по себе. Но, ретко кој би ги сфатил сериозно, ако последиците од нив не бидат прикажани визуелно со сета застрашувачка страна.

За да ја покрене свеста кај родителите, истражувачкиот центар во соработка со агенцијата IPG Mediabrands почна кампања што се споделува на социјалните мрежи под хаштагот  #SeePastTheScreen.

Кампањата содржи апликација со која родителите можат да го контролираат пристапот на децата до содржини на мобилните уреди.

Сепак, главен дел од кампањата е видео што многу потсетува на хорор приказна. Тоа сценарио не е случајно избрано, со оглед дека податоците укажуваат на застрашувачки последици врз здравјето на идните генерации поради прекумерната употреба на мобилните уреди.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме