Festivals

Се гледаме на Golden Drum!

Љубљана, Словенија, 13 јул 2017

24-тиот интернационален адвертајзинг фестивал Golden Drum, оваа година се одржува од 18-20 Октомври 2017, овој пат во Гранд Хотел Унион во Љубљана, Словенија.

Остави белег е новиот слоган на Golden Drum, кој ќе го води фестивалот во оваа и наредните години. Фестивалот е создаден да инспирира. Нè инспирира со прекрасните трудови на најдобрите креативци во светот, инспирирајќи вистински пријателства и вечни врски.

Golden Drum е повеќе од меѓународен натпревар на креативноста и секако многу повеќе од неговите легендарни забави и наградни церемонии. Посетителите на фестивалот имаат можност да бидат дел од широката палета на едукативни содржини од врвни предавачи, бројни можности за контакти и дружења, како и традиционално легендарните забави. Golden Drum годишно е домаќин на повеќе од 1000 делегати, од кои многумина се водечки трендсетери и опинион лидери од повеќе од 40 земји. Конкуренцијата во програмата е и повеќе од 1200 креативни решенија, кои што се оценуваат од двe жирија од 22 члена, составени од најголемите експерти во полето на адвертајзингот.

За првпат оваа година имаме и два претставника во жирито од Македонија, Душан Дракалски и Василије Чорлука. Ова само го потврдува големото реноме и почитта на фестивалот кон креативците и трудовите од Македонија.

Навистина е голема чест, но и одговорност да сте дел од Golden Drum кoј е еден од најголемите фестивали за реклами. Секоја година е сè позначајно нашето присуство, а оваа година со дури два претставника во жирито – вели Андреј Павловски од агенцијата АВАДДБ, долгогодишен почесен амбасадор на Golden Drum одговорен за Македонија.

Оваа година програмата е навистина богата и извонредна, доволно е да се спомне само името на Мајкл Конрад кој е поранешен светски креативен директор во Leo Burnett, кој ќе има свое предавање, за да стане јасно за големината и квалитетот на фестивалот. Затоа (раното пријавување трае до 31 Јули) ги повикувам сите кои сакаат да се дел од фестивалот, да го сторат тоа на сајтот www. goldendrum.com. Секако и оваа година имаме натпревар за млади креативци, со главна награда од 3000 евра. Навистина има уште многу настани, а сите дополнителни информации ги има на сајтот на Golden Drum.

Очекувам да се видиме сите во Љубљана во октомври! 





Оставете коментар

CAPTCHA code