Festivals

КАДЕ ОДИ РЕГИОНОТ: Трансформацијата на огласувачкиот бизнис ќе биде во фокусот на „Предизвик 2018“

12 фев 2018


Трансформација на бизнисот и прилагодување кон промените и новите предизвици на пазрот, ќе бидат главна тема на годинешното издание на регионалниот Форум за комуникациски лидери „Предизвик 2018“. Настанот ќе се одржи на 12 и 13 март во Белград.

Експерти од комуникацискиот бизнис, коишто работат во Србија, а коишто ќе учествуваат на Форумот велат дека секоја од генерациите потрошувачи бара нови идеи, спакувани во духот на новото време и новата технологија.

„Клучниот предизвик за маркетиншкиот бизнис е да се има релевантен производ и услуги, за коишто клиентите би имале интерес да ги купат или да ги користат. Тоа за нас ќе биде предизвик број еден во 2018 година“, вели Марко Пешиќ, извршен директор на агенцијата „Ovation BBDO“.

Марина Гриховиќ, пак, директор на агенцијата „Headline“ и косопственик на агенцијата за дигитални комуникации „Dkit“, истакнува дека во скоро време ќе дојде до појава на трендови што се сосема спротивни на тие што се денес актуелни.

„Луѓето ќе станат желни за некои постари вредности, а милениумците ќе посакаат нешто ново, во овој случај старо. Но, можеби во ново пакување. Секако, со подобар квалитет, зашто информациите што сега се пласираат, со својот квантитет едноставно се поклопуваат едни со други, ја губат смислата и сопствената моќ. Тоа не може да се надогради со побрзи слики или со посилен звук што го свртува вниманието. Верувам дека мораме да се вратиме кон суштината и кон вистинската порака“, вели Гриховиќ.

Оливера Перковиќ, пак, од „McCann Grupe“, вели дека пред сè ќе дојде до дигитална трансформација.

„Секако, таа ќе биде условена и од доброто познавање на потребите и психологијата на корисниците. Што се однесува до самиот производ, покрај поангажираниот и пофлексибилен пристап кон креирањето и пласманот на самата содржина, за којашто мислиме дека пазарот ќе има побарување, во исто време ќе се очекува од комуникациите и од големите брендови да се активни и инволвирани во решавањето на одредени социјални или културолошки теми“, истакнува Перковиќ.

Како и во минатите изданија, дел од Форумот ќе биде посветен на поттикнување дијалог меѓу агенциите и компаниите, преку различни интерактивни работилници. Пријавувањето за учество на Форумот е до 23 февруари. Повеќе информации се достапни на интернет страницата www.izazovforum.rs.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме