Festivals

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ДИГИТАЛНОТО ОГЛАСУВАЊЕ: Совети и предавања на петтиот Маркетинг самит во Белград

15 мај 2018

Дигиталната ера донесе нови предизвици за маркетерите, како да се биде најдобар во индустријата што постојано и вртоглаво брзо се менува и расте. Ова е едно од прашањата на кои ќе можат да се добијат одговори на петтиот Самит за маркетинг што на 22 мај ќе се одржи во Белград.

Годинешниот Самит за маркетинг во Белград, што е во организација на магазините „InStore“ и „Finance“, ќе биде во фокусот на новите технологии и дигиталното огласување, а со цел брендовите да се доближат повеќе и поефикасно до потрошувачите.

„Годинешниот Самит е за сите тие што сакаат да остварат поголем успех и поголем профит со својот бренд, но и за сите оние што имаат лична мотивација за успех на полето на маркетингот“, се вели во најавата за Самитот.

Имаме едноставно правило, зборуваме само за практични примери, за работи што ги задоволуваат потрошувачите, ја зголемуваат вредноста и овозможуваат поголем профит

Според планираното, ќе бидат претставени маркетиншки примери и стратегии што покажале најдобри резултати како во регионот, така и во светот.

„Имаме едноставно правило, зборуваме само за практични примери, за работи што ги задоволуваат потрошувачите, ја зголемуваат вредноста и овозможуваат поголем профит“, се истакнува во најавата за Самитот.

Главен говорник на белградскиот маркетинг самит ќе биде Кристијан Мајгард (Christian Majgaard), идејниот творец на „Леголенд“ и најуспешниот глобален директор на компанијата „Лего“ (Lego).

Мајгард е заслужен за бројни успешни проекти поврзани со брендот „Лего“, меѓу кои се и Леголенд паркови, Лего Мајндстормс роботи, Лего лиценца за Хари Потер, порталот Lego.com.

Автор е на книгата „13 hints for tomorrow’s brand builders“, а неговите предавања се препознатливи по големата доза на хумор, како и бројните практични совети што ги споделува со слушателите.

Повеќе детали за програмата на годинешниот Самит за маркетинг во Белград, за предавачите и темите се достапни на интернет страницата на Marketing Summit Belgrade 2018.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме