Festivals

GOLDEN DRUM 2018: Душан Дракалски ќе го води жирито во категоријата „What“

09 окт 2018

Душан Дракалски, еден од меѓународно истакнатите македонски професионалци во полето на индустријата на креативните комуникации, Душан Дракалски, ќе биде на чело на жирито во натпреварувачката селекција „What“ на фестивалот „Голден драм“ во Словенија.

Дракалски доаѓа на местото на Jaime Mandelbaum, кој најави дека годинава нема да биде во можност да го води жирито. Во селекцијата „What“ се оценуваат проектите со најдобри и најефикасни решенија.

„Од 'Голден драм' сум дел од самиот почеток на мојата кариера во огласувањето. Имаше голема улога во начинот на кој се изградив како креативец. Тоа беше место каде првпат стапив во контакт со креативци од целиот свет. Фестивалот секогаш имал удел во изборот на најдоброто од регионот. Чест ми е да дадам придонес во оценувањето на новите креативни трудови“, вели Дракалски во изјава за словенечкиот портал „Marketing Magazin“.

Дракалски на фестивалот во Словенија ќе присуствува како креативен директор од продукциската куќа „Ray Production“.

Фестивалот „Голден драм“ годинава ќе го има своето јубилејно, 25. издание. Ќе се одржи од 17 до 19 октомври во Порторож.

За фестивалот можете да прочитате и во интервјуто што го објавивме со директорката на Голден драм, Мојца Бришчик, како и во разговорот со Марија Милушева, креативна директорка од Бугарија, којашто ќе биде дел од предавачите.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме