Festivals

КАКО СЕ ВОДИ ЕДНОСТАВЕН МАРКЕТИНГ: Роџер Едвардс од „Маркетинг и финансии“ доаѓа на AllWeb

15 окт 2018

Како да водите маркетинг што ќе биде едностваен и ефикасен, неоптоварен со сложени правила и стратегии. Тоа претежно е насоката кон која се насочени советите на Роџер Едвардс, домаќинот на познатиот подкаст „Маркетинг и финансии“.

Едвардс е еден од предавачите што веќе го потврдија своето гостување на годинешното, седмо, издание на конференцијата за дигитален маркетинг„AllWeb“, што на 16 ноември ќе се одржи во Скопје.

Роџер Едвардс - Маркетинг и финансии

Покрај Едвардс, како што најавија организаторите, на Конференцијата своите искуства, знаења и совети ќе ги споделат и Недим Шабич- експерт за оптимизација на Интернет пребарувачи и Горјан Јовановски, од Booking.com.

Централната тема на конференцијата е дигитална трансформација, но организаторите најавуваат презентации и дискусии и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата.

„По успешното трето издание на AllWeb во Тирана, Албанија, среќни сме да најавиме уште тројца говорници на годинешната конференција во Скопје, што ќе се одржи на 16 ноември“, вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb.

Организаторите досега го потврдија учеството и на Мет Десмајер, директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ, консултант за дигитална трансформација и автор на книгата Дигитален Пре-маркетинг и Владимир Тошиќ, менаџер за дигитални комуникации во The Coca-Cola Company за југоисточна Европа.

Во наредниот период ќе бидат објавени имињата и на останатите говорници.

Влезниците за конференцијата се веќе во продажба преку allweb.mk.  Поради големиот интерес, рокот за купување на Early Bird влезниците, кои се со 50 евра пониска цена од регуларните, е продолжен за дополнителни пет дена и истекува на 19 октомври.

Повеќе информации за седмото издание на Конференцијата се достапни на официјалната интернет страница на AllWeb.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме