Festivals

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА OVATION BBDO НА КАКТУС2018: Гранд при и признание за Агенција на годината

14 ное 2018

Кампањата за „Munchmallow“, „Приказна за себе“ е прогласена за најдобра на Фестивалот за интегрирани комуникации „Кактус2018“ што деновиве се одржа во Белград.

Кампањата е на агенцијата Ovation BBDO, направена за клиентот „Jaffa Crvenka“. За кампањата беа доделени признанија и во категориите Поединечни трудови - Outdoor, како и за Brand Awarness - Интегрирана кампања.

Агенцијата Ovation BBDO, со 13 селекции во финале и пет добитници е прогласена и за Агенција на годината. Истата агенција освои награди и во категориите: Поединечни трудови - Принт, за кампањата „Црно е Заечарско“, како и Адаптирана меѓународна интегрирана кампања за „Chipsy - Фудбалска страст“.

Со четири добитници и шест финалисти, компанијата „Вип Мобиле“, втора година по ред е прогласена за огласувач на годината. Компанијата, заедно со партнерски агенции, освои награди во категориите: Поединечни трудови - ПиАр, и во Настан за кампања.

Агенцијата „McCann“ Белград освои три награди на фестивалот. Тие се во категориите Поединечни трудови - ТВ, Иновативна интегрирана кампања и Крос Медиа, интегрирана кампања за „The Red Tread“ на „Кока-кола“.

Агенцијата „New Ideas Company“ и фондацијата „Hemofarm“ добија признанија во категориите Поединечни трудови - Медиа и Непрофитна интегрирана кампања за проектот „Red Ball“.

Во трка за награди годинава беа пријавени 132 проекти, што е раст од 6,5% во однос на ланското издание на „Кактус“. Фестивалот се одржа по четврти пат, а конкурираа вкупно 25 агенции и 48 компании.

Во меѓународното жири беа вклучени и професионалци од Македонија, Душан Дракалски, Илинка Црвенковска и Жарко Димитриоски.

Повеќе детали за добитниците на наградите, за предавачите и за начинот на кој се одвиваше фестивалот, се достапни на официјалната интернет страница на „Кактус2018“.

Munchmallow "Priča za sebe - Dino" from Cyber : Few Good Men on Vimeo.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме