Festivals

Објавени победниците на White Square 2017!

Минск, Белорусија, 03 мај 2017


Под мотото – CREATIVITY WINS на 29ти април во Минск, Белорусија, се одржа White Square; фестивал за маркетинг и адвертајзинг. Оваа година, идејата беше дека секој треба ја покаже својата вредност, и со тоа фестивалот беше како арена за можности и фер борба.

Членовите на жирито беа претставени со пет меѓународни категории, меѓу кои се и 52 познати експерти од цела Европа, носители на бројни престижни индустриски награди, дополнети со повеќе од над 130 награди од Cannes Lions.

Преку 1059 пријави од 216 агенции од различни земји од светот, се бореа за White Square наградите оваа година. Од нив, 376 беа во натпреварот за креативност, 181 во брендинг, 255 за маркетинг, 181 во дигитал и 66 во социјалниот адвертајзинг.

Победници во категоријата Creative Agency за 2017 се Marvelous, од Русија, како и AIDA Pioneer Branding & Creative, од Белорусија.

Со гран - при се закитија агенцијата Marvelous за 1MB Campaign и Angelina Pischikova од Белорусија, за кампањата CS Light Bulbs.

 

CS Light Bulbs, со дизајн на пакувањето од Angelina Pischikova




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме