Creative

Фрлајте идеи во работниот простор!

14 јул 2017

Ако имате адвертајзинг агенција, каква што е 99c, внатрешниот изглед и дрес кодот веројатно би требало да бидат опуштени. Строгиот работен простор може да важи за поинакви, корпоративни светови, а овде може да биде апсолутно слободен. Во „жешко“ црвена боја, еден обичен контејнер за превоз на стока – станува дел од ентериерот во агенцијата.

Аларм за креативност? Секако. Креативците сакаат кога работат во простор што ги инспирира. Па тоа е must have во агенциите! Аквариум со рипки, локално милениче, соба за пикадо, весела кујна... Просторот игра голема улога за мотивот на вработените. Можеби е чудно кога канцелариите се претвораат во „игра“ на архитекти кои проектираат сопствена визија, но во овој случај агенцијата 99c го прави тоа целно.

Црвениот, таканаречен „бродски“ контејнер е позициониран во самиот влез во просторот, и привлекува внимание на сите кои доаѓаат на состаноци. Доколку сте единствен посетител на оваа фирма во Кејптаун, тогаш ќе ѕирнете во контејнерот, но секако не без причина. Новата функција му е – чекалница за посетители во фирмата.

Inhouse Brand Architects, проектантите на ова креативно ќоше, познати се по тоа дека не користат највообичаени елементи за внатрешно уредување. Идејниот концепт на проектот е да го одвојат работниот простор од просторот за пауза, кој е направен за истовремено да може да служи како место за дружење меѓу вработените, но и за неформални тимски состаноци. Најдобрите идеи и односи меѓу колегите настануваат токму на вакви „точки“ во просторот за работа.

Креативниот директор на Inhouse Brand Architects, Ејдан Харт вели – Кога се работи за дизајн на работни простории, последните истражувања велат дека успешните соработки се остваруваат околу апаратите за точење вода, што само укажува на фактот дека просторот не мора неопходно да биде стегнат, стерилен, или да подразбира сала за состаноци со клиентите, која воопшто не функционира во остатокот од денот.

За да се направи ваков функционален, а креативен простор, архитектите ja отстраниле плочата меѓу осмиот и деветтиот кат, и место неа поставени се скали и галерија кои мотивираат раздвиженост и поврзување на просторот.

Користењето на бродски контејнери во склоп на работните површини е глобален тренд за кој дизајнерите и архитектите потполно се возбудени. Многу проекти, како на пример продавниците на Puma и Adidas, кои буквално изгледаат како на расклопување, направени се од масивни бродски контејнери како лего коцки што го „градат“ продажниот простор. 

Извор:Dezeen





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме