Creative

КАКО ЌЕ ГО ИЗМИЈАТ СРАМОТ: „Dove“ на тапет за расистичка реклама (фото)

09 окт 2017

 

Светски познатиот бренд за лична хигиена и козметички производи викендов се најде под канонада од жестоки критики за ширење на расизам. Причина за тоа беше краткото видео, поставено на нивната страница на „Фејсбук“.

На видеото се прикажува како црномуреста девојка ја соблекува својата кафеава маица и нејзината кожа станува бела. Ова од страна на корисниците на социјалните мрежи беше оценето како акт на расизам.

Реакциите почнаа да доаѓаат откако шминкерката Наоми Лиан Блејк на нејзиниот профил на „Твитер“ објави принтскрин од рекламата на „Dove“, коментирајќи дека е изненадена од тоа што го гледа.

Откако се проширија реакциите, пристигна извинување од компанијата, при што во текстот се нагласува дека објавената фотографија не била поставена со цел да ги навредува жените со различна боја на кожата и дека жалат за штетата што била предизвикана.

Засега не е јасно како оваа реклама им се протнала на „Dove“ и која макретинг агенција стои зад нејзината креација. Креативата за овој бренд најчесто ја работи агенцијата „Ogilvy & Mather“.





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме