Creative

ЦЕЛ ОРКЕСТАР ВО ЕДНО „ПОРШЕ“: Перфекцијата на новото озвучување во популарниот брз автомобил (видео)

09 окт 2017

 

Со комична и досетлива реклама германскиот автомобилски гигант „Порше“ го прикажува унапредениот сараунд систем за озвучување во новите модели. На видеото се прикажува како цел професионален оркестар да е сместен во автомобилот, додека се движи по кривини низ планински предел.

Оркестарот изведува композиција од Вивалди од опусот „Четири годишни времиња“. Сепак, во еден миг музичарите почнуваат да се лулаат на бината и да се нишаат лево-десно.

На почетокот гледачите на видеото не сфаќаат за што се работи. Но, за кратко време се прикажува дека нишањето на музичарите е последица од движењето на автомобилот по кривини. Без оглед на брзината со која се движи возилото, музичарите продолжуваат да свират, а звукот и натаму е перфектен. Возачот има чувство како во автомобилот со него да се вози цел оркестар.

Изненадувањето доаѓа на крајот од видеото, кога сопатничката во „поршето“ ја менува радио-станицата и вклучува „Ар-ен-би“. Бендот по сила на инерцијата, „лета“ лево и десно при секое вртење на „поршето“, но музиката не прекинува и него губи квалитетот.

 

Едноминутното видео е дело на германската агенција „Grabarz & Partner“. Ангажиран е професионалниот оркестар на „Радио Романија“ од Букурешт, а снимањето било на автопатот кој води низ Трансилванските апли во Романија.





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме