Creative

ТРГНА ПО ИНДИЈКА, НАЛЕТА НА ИНДИЈАНКА: Утка како Колумбо во реклама за текила (видео)

10 окт 2017

Стар господин седнува на шанк, а покрај него чаша и шише текила. Отспротива загледува згодна девојка во традиционална индиска облека, ѝ праќа „ишарет“ и тргнува да почне разговор со неа.

Но, на патот кон Индијката, случајно се удира рамо со рамо со друга, исто така згодна девојка. Новата девојка е домородна Американка (Индијанка) што на себе има традиционална индијанска облека.

Таа веднаш му се насмевнува на стариот господин, наздравува со него и бргу почнуваат разговор. После две секунди, господинот се врти кон камерата и вели: Отприлика така се случи.

Тоа е сижето и описот на рекламата за текилата „Астрал“ што беше пуштена во медиумите деновиве, а по повод Денот на Колумбо, посветен на откривањето на Америка. Денот се слави секој втор понеделник во октомври.

Сепак, рекламата не наиде на целосно одобрување од широката јавнос во САД. Причина за тоа е што домородното население на американскиот континент, односно Индијанците, на истиот датум го одбележуваат Денот на домородното население, посветен на нивната култура.

Контра-одбележувањето е во знак на револт што со откривањето на Америка почнува процес на насилна асимилација и геноцид врз домородното индијанско население.

Од агенцијата, „Erich and Kallman“, која во соработка со „Астер текила“ ја изработила рекламата, велат дека во градењето на креативата немале цел да даваат некакво ново светло на историските настани.

„Нашиот фокус е само експедицијата на Кристофер Колумбо, кој тргнал кон Индија, а завршил во Америка. Повеќе од сигурно е дека не даваме некакво видување за историските настани“, стои во изјавата од агенцијата.

 





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме