Creative

ПАТИКИТЕ НЕ ГАРАНТИРААТ ПОБЕДА: „Најк“ со реална реклама за „моќта“ на обувките (видео)

12 окт 2017

 

Патиките што ги носите на себе не ви гарантираат дека ќе победите во рингот, а можете да бидете дури и нокаутирани. Но, вие самите сте тие кои ќе можете да се одржите на нозе и да ја продолжите борбата, доколку имате силна спортска и натпреварувачка волја.

Така накратко би можело да се опише рекламата за спортскиот бренд „најк“ што е направена за пазарот во Хонг Конг.

Во видеото, кое е дело на агенцијата „Wieden + Kennedy“ од Шангај, а во режија на Мајкл Ман, главен лик е Рекс Цо (Rex Tso), боксер од Хонг Конг, носител на шампионски титули, кој речиси и нема изгубено борба.

Рекламата почнува со жесток дуел во рингот. Рекс добива силен удар од противникот, собoрен е на земја, а судијата почнува да му одбројува. Тогаш времето како да застанува за главниот лик, а како одблесоци се појавуваат слични мигови на спортски падови на спортисти од други дисциплини. Сите тие на себе носат опрема и патики со ознаката „најк“.

Сепак, како што судијата одбројува на рингот, истите спортисти тргнуваат одново и ја продолжуваат битката на спортските терени. Истото се случува и со боксерот Рекс, кој успева да се крене на нозе и ја продолжува жестоката борба во рингот.

Дали тој, или другите спортисти успеале да победат и да освојат медали, не се знае. Рекламата завршува со порака дека „Не можеш да гарантираш победа, но можеш да гарантираш борба“.

„Прикажуваме спортисти кои се наоѓаат во мигот на прекршување, но веруваат дека единствениот начин да се вратат на теренот е да дадат сè од себе, независно од крајниот исход на борбата“, вели Вивиан Јонг, од „Wieden + Kennedy“.

 





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме