Creative

ПОВЕЌЕ ОД 150 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Ова се најгледаните реклами на „Јутјуб“ во 2017 година (видео)

07 дек 2017

 

Вкупно 150,3 милиони прегледи има рекламата за сервисот на „Самсунг Индија“, со што е убедливо најгледано рекламно видео на „Јутјуб“ во 2017 година. На списокот најгледани видеа, што го објави „Јутјуб“, се наоѓаат реклами и за „Киа“, „Ајфон“, „Бадвајзер“.

Единствениот критериум е гледаноста на рекламите. Така, на второ место се наоѓа реклама за видео-играта за мобилни уреди „Clash Royal“ којашто има гледаност од 110,7 милиони прегледи. На трето место, пак, со 90,6 милиони прегледи е серија од видеа за вештини со пинг-понг топчиња.

Во продолжение е листата на десет најгледани реклами на „Јутјуб“ во 2017 година, а на која најслабо пласираното видео има „само“ 17,6 милиони прегледи. Распоредот е од десетто, кон прво место.

10. Mr. Clean | 2017 Super Bowl Ad | Cleaner of Your Dreams - Leo Burnett Toronto - 17.6 милиони прегледи

9. Levi’s "Circles" Commercial l Full - FCB West - 22.3 милиони прегледи

8. iPhone 7 — The Rock x Siri Dominate the Day — Apple - TBWA/Media Arts Lab - 25.3 милиони прегледи

7. adidas Originals | ORIGINAL is never finished - Johannes Leonardo - 25.4 милиони прегледи

6. 2017 Kia Niro | “Hero’s Journey” Starring Melissa McCarthy - David&Goliath - 25.9 милиони прегледи

5. Budweiser 2017 Super Bowl Commercial | “Born The Hard Way” Anomaly - 28.5 милиони прегледи

4. MISS DIOR – The new Eau de Parfum - inhouse - 43 милиони прегледи

3. Ping Pong Trick Shots 3 | Dude Perfect - Weber Shandwick - 90.6 милиони прегледи

2. Clash Royale: The Last Second (Official Commercial) - Barton F. Graf - 110.7 милиони прегледи

1. Samsung India Service (SVC) – We’ll take care of you, wherever you are. #SamsungService - Cheil - 150.3 милиони прегледи.

(AdToDate.mk/Извор: The Drum)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме