Creative

„ХАЈНЕКЕН“ БАРА НОВИ ЛУЃЕ: Откријте дали сте идеален кандидат за работа во светскиот бренд (видео)

12 јан 2018

Сакате да работите за светски бренд како што е „Хајнекен“, но не знаете дали ги исполнувате условите. Сепак, место за паника нема. Компанијата направи ултра забавен и интерактивен тест на кој можете да откриете дали сте нивниот идеален кандидат.

Ова необично, како што тие го нарекуваат, интервју за работа трае пет минути и во него повеќе ќе се забавувате, отколку што ќе ве фаќа трема. Не мора да имате големи предзнаења и вештини. Тоа што се бара од кандидатите е да покажат какви се како личности и кои се нивните животни приоритети, навики и размислувања.

Компанијата смисли интересен тест во кој потенцијалните кандидати ги води низ интерактивно видео во кое заинтересираните треба да одговорат на 12 прашања. За секое од прашањата имаат рок од околу пет секунди.

Актерите што се појавуваат во видео-секвенците се актуелни вработени во компанијата. Прашањата, пак, што им се поставуваат на кандидатите се така составени, што на крај откриваат каков по природа е тој што се интересира за работно место во оваа компанија.

Сепак, интерактивниот забавен тест е само еден сегмент од процесот на поднесување апликација за работа во „Хајнекен“. На крај се дадени упатства за начинот на кој кандидатот може реално да конкурира за работа.

Интерактивното видео сепак се покажа како полн погодок во популаризацијата на брендот. Бројот на подесени кандидатури се зголемил за повеќе од 300 проценти, во споредба со претходните огласи.

Зад добро смислениот оглас стои холандската агенција „Superhero Cheesecake“. Добрата страна на огласот е што на крајот кандидатите можат да ги споделат резултатите од тестирањето и преку социјални мрежи, што придонесува за уште поголема популарност на самиот бренд.

Тие што се заинтересирани и подготвени за една „хајнекен“ авантура, тестот можат да го направат на овој линк.

 

Heineken HR - The Interview that will stretch talents to Go Places as HEINEKEN employees from Cloudfactory on Vimeo.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме