Creative

ЕДНО ЗАГРИЖЕНО ДЕВОЈЧЕ И УМОРНА МАЈКА: Реклама за чоколадо ги топи срцата на гледачите (видео)

16 јан 2018


Блазе си му на тој што ќе го изгледа видеово. Ќе се зарази од љубезност, каква што ретко се сретнува во нашето модерно секојдневие. Во кусата сторија на рекламното видео доаѓаат до израз великодушноста, пожртвуваноста на родителот кон детето, како и љубовта и поврзаноста на децата кон родитлите.

Прикажана е мајка што е преморена од работа. Но, и покрај својата премореност, мајката и натаму собира сила да се насмевне штом ќе дојде до своето девојче. Малото девојче, пак, сака да ја израдува својата мајка со тоа што ќе ѝ купи подарок за роденден.

Девојчето нема пари, па на продавачот во локалната продавница му плаќа со копчиња и дреболии што ги има со себе. Продавачот, погоден од желбата и љубезноста на детето, ја прифаќа играта и на девојчето му го продава чоколадото за неколку копчиња и едно пластично детско прстенче.

Кусата сторија е реклама за чоколадите на производителот „Cadbury“. Според авторите на ова рекламно видео, идејата е да се прикаже семејната страна на нивните призводи.

Видеото е снимено во Лондон, а во постпродукциската фаза не се внесувани многу интервенции во снимките. Целта на авторите била да се задржи природниот изглед на снимениот материјал.

Зад ова рекламно видео стои агенцијата VCCP од Лондон, а режијата е на Фредерик Планкон од „Академи филмс“.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме