Creative

ВОДА, СОНЦЕ И СПОРТИСТКИ: Како беше правен календарот на „Пелистерка“ за 2018 година (видео)

17 јан 2018


Покрај базен, под сонце и со постојано полевање со вода поминало фотографирањето и снимањето за календарот на „Пелистерка“ за 2018 година. Тоа барем се гледа од видеото на кое е прикажан дел од процесот за изработка на календарот.

Фотографиите ги изработи фотографското дуо „Дими и Ани“, а модели беа домашни спортистки од повеќе дисциплини. Календарот беше промовиран кон крајот на минатата година, а фотографирањето беше на крајот од летото.

На календарот за оваа година се најдоа: Јануари: Берна Шерифовска (џудо); Февруари: Наташа Андонова (фудбал); Март: Едина Муса (кошарка); Април: Леана Таќи (триатлон); Мај: Миљана Ристиќ (маратон); Јуни: Марија Божиновска (фитнес); Јули: Елена Чуркоска (кајак); Август: Дрита Ислами (атлетика); Септември: Ивана Јанкова (одбојка); Октомври: Стефани Тодорова (кикбокс); Ноември: Катерина Николовска (велосипедизам) и за декември: Нина Ѓорѓевиќ (карате).

Видео: Making of Pelisterka Kalendar 2018

Gallery: ПЕЛИСТЕРКА КАЛЕНДАР: Домашни спортистки во вода




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме