Creative

СОВРШЕНСТВО НА НЕСОВРШЕНОСТА: Намерна грешка во логото на „Старбакс“ го прави да биде перфектно

17 јан 2018


Совршенството на еден дизајн често се крие во неговата смислена недовршеност или, пак, намерна „грешка“ при креирањето. Таквата грешка често е сокриена, но е доволно голема што на крајниот дизајнерски производ  му дава совршен изглед.

Таков пример е латиничното „Г“ од логото на „Гугл“. Сферичниот круг во буквата „G“ не е рамномерен радиус, туку делот со свиткувањето на буквата е навлечено навнатре, со помал радиус кон централниот дел. Целта на тоа вовелкување е да се добие визуелен ефект на рамномерен круг.

Слична постапка употребиле и дизајнерите на логото на светски познатиот бренд „Старбакс“. Ликот којшто е прикажан е сирена, чие „лице“ е централно поставено. Нејзината опашка и линиите од замисленото тело, глава и коса се симетрично распоредени на дизајнот.

Но, дизајнерите од агенцијата „Липинкот“ (Lippincott) увиделе еден недостаток откако го редизајнирале логото на „Старбакс“ од 2011 година. Првично сè било симетрично, но токму таа симетрија му давала вештачки изглед на ликот на зелената сирена.

- Како тим бевме сигурни дека „Нешто овде не е како што треба, што ли е тоа?“ - вели во изјава за „Едвик“, Кони Бирдсал, креативна директорка на „Липинкот“.

На крајот увиделе дека токму симетријата е таа што му давала на логото ладен и нечовечки изглед. Така, за да ја избегнат перфекцијата, десната сенка од тоа што треба да претставува нос, дизајнерите намерно ја издолжиле. Тој мал потег му дал на логото природен лик, што потсвесно самиот бренд го прави поблизок до консументите.

- Тоа беше „еурека“ момент. Моравме да се вратиме чекор назад и да му дадеме похуман изглед. Несовршеноста се покажа како многу битна во овој случај - истакнала Бирдсал.

(AdToDate.mk/Adweek.com)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме