Creative

ПРЕГРАТКИ И СРЦИЊА НА ТЕРЕНОТ: Една необична најава за мега-дуелот Реал Мадрид - Пари Сен-Жермен

13 фев 2018


Во среда, на 14 февруари, токму на Денот на вљубените, ќе се одигра еден од пoзначајните дуели во фудбалската Лига на шампионите. Тоа е мечот меѓу Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, што веќе интензивно се најавува во спортските кругови и на телевизиските канали.

Но, во какофонијата од разни спортско-навивачки најави за овој меч, се појави, можеби најнеобичното, видео што од сосема друг агол ги прикажува играчите на двата тима. Во духот на „Св.Валентин“, фудбалерите на шпанскиот и на францускиот клуб се прикажани во најромантични можни ситуации, во кои си изразуваат љубов едни на други.

Во дел од сцените гледаме како познатите Роналдо, Нејмар, Рамос, едни на други си испраќаат (или барем така изгледа) љубовни пораки и сигнали на теренот.

Се работи за рекламно видео на француската телевизиска куќа „beIN Sports“, којашто ќе го пренесува во живо големиот дуел. Пораката што од оваа телевизија ја испраќаат до гледачите е дека фудбалот во основа е изразување љубов.

„За време на Св.Валентин, љубовта ексклузивно ќе биде присутна на 'beIN Sports'“, се вели во најавата за големиот дуел.

Зад изработката на рекламното видео стои агенцијата DDB од Париз.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме