Creative

ВЕРТИКАЛНИ И КУСИ ФОРМИ: Како да направите мобилни реклами што не ги нервираат корисниците

14 мај 2018

Вертикални, куси и иновативни треба да бидат рекламните содржини што се наменети за објава преку мобилните телефони, покажуваат резултати од истражување за позитивните и негативните искуства кај корисниците на паметните телефони.

Истражувањето го објави магазинот „Adweek“, а го направиле агенциите „IPG Media Lab“ и „Magna Global. Заклучокот од добиените созанија е дека некои рекламни формати за мобилните уреди се подобро прифатени од страна на корисниците, за разлика од други формати, што делуваат нападно.

Сепак, процентот на рекламите што „нервираат“ и натаму е загрижувачки голем. Причина за тоа е што огласувачите сè уште не посветуваат доволно внимание при креирањето мобилни рекламни содржини.

Според корисниците, брендовите што имаат пократки мобилни реклами, се порелевантни, иновативни и модерни, особено ако содржината што ја рекламираат се прикажува во вертикален формат, што е многу посоодветен за екраните на паметните мобилни уреди.

„Резултатите од ова истражување покажуваат дека за мобилното рекламирање треба да постојат содржини што се направени од старт за мобилен формат, наместо само просто прилагодени содржини што претходно биле направени за други платформи“, се вели во изјава на Кара Манат, стратег за истражувања во агенцијата „Magna Global“.

Како што објаснува таа, рекламните видеа што траат шест секунди и имаат вертикална форма, покажале најдобри резултати кај огласувачите.

Сознанијата укажуваат и дека корисниците од мобилните реклами очекуваат да се забавни (54 отсто од испитаниците), како и да не се премногу долги и да не се нападни (52 отсто).

За 46 отсто од испитаните корисници, мобилните реклами треба да прикажуваат релевантни брендови, но и да се оригинални (31%), да раскажуваат добра приказна (27%,) да имаат елемент на изненадување (15%), како и да се иновативни (14%).

(AdToDate.mk/Извор: Adweek)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме