Creative

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ СО НЕОДОЛИВА ПОНУДА: Како добил насмевка од Мона Лиза? (видео)

10 окт 2018

Шведската маркетинг агенција „Forsman & Bodenfors“, којашто стои зад легендарната реклама со Жан-Клод Ван Дам и камионите „волво“, се појави со уште една едноставна, но комична креација.

Нивното ново видео е поврзано со познатиот сликар и изумител од ренесансата, Леонардо Да Винчи и неговото врвно дело „Мона Лиза“.

Со векови насмевката на портретот „Мона Лиза“ се смета за една од најголемите мистерии во уметноста. До сега се објавени бројни толкувања за загадочната насмевка и за начинот на кој настанала.

Во низата такви толкувања се вклучи и агенцијата „Forsman & Bodenfors“, при што нивниот пристап е особено креативен и комичен. Во нивната сторија, Мона Лиза е благородничка што е постојано намуртена, а Леонардо е сиромашен сликар што живее од продажба на портрети.

Никој не би помислил дека големиот изумител е воедно и агент за пензиски фонд, кој дава неодоливи понуди. Барем така замислиле креативците од шведската агенција.

Видеото е дел од кампањата на шведскиот пензиски фонд AMF.

 

Во продолжение, како потсетување за комичниот пристап во видеата на агенцијата „Forsman & Bodenfors“, можете да ја погледнете легендарната реклама со Жан-Клод Ван Дам.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме