Creative

ТРЕНИНГ ЗА КРЕАТИВНОСТ: Вработени во маркетинг агенција самите снимаа хорор филмови (видео)

29 окт 2018

Агенцијата „MeringCarson“ од САД смисли начин како да ја одржува креативноста на своите вработени во добра кондиција. По повод Хелоувин, односно Ноќта на вештерките, им организираше фестивал за хорор филмови.

Добиле задача секој да си избере тим и заедно да креираат филмови со хорор-содржина. Филмовите се држат до кусата форма - шест секунди - согласно новиот тренд во ТВ и видео рекламирањето.

Учествуваат сите вработени, од копирајтери, акаунти, па сè до дизајнери и креативни директори. Целта е секој да ја покаже својата креативност и да размислува како ефективно да се раскаже хорор-приказна што ќе трае само шест секунди.

Агенцијата им понудила буџет од по 50 долари за снимање на кусите филмови. За најдобрите, пак, следи награда од 500 долари.

- Не очекуваме ова да ни донесе некој нов бизнис. Но, на тој начин ја вежбаме и покажуваме нашата желба за натпреварување низ креативни предизвици - вели Кери Крастс, креативна директорка на агенцијата.

Во трка за наградата влегле 18 филмови. Некои од нив се сериозно застрашувачки, некои ја промашиле поентата, а некои и добро ќе ве насмеат.

Сите се достапни за гледање на каналот06 Cinema“ на Јутјуб, како и на интернет страницата посветена на овој мал агенциски хорор-фестивал.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме