Creative

СТАРИОТ ЖЕЛЕЗНИЧАР И ВОЗОТ В СНЕГ: Студенти направија брилијантна новогодишна реклама (видео)

31 окт 2018

Речиси и да нема некој што како дете сонувал како подарок да добие како модел од воз со шини. Тоа е желба што речиси никогаш не исчезнува и се пренесува од генерација на генерација.

Тоа е пораката од кусиот филм за стариот железничар, којшто упорно ги чисти шините и го чека возот да дојде за да замине со него, а железничарската улога да му ја пренесе на неговиот внук.

Филмуваната приказна е во духот на божиќните празници коишто полека почнуваат да се најавуваат во медиумите. Авторите посветиле сериозно внимание за гледачот веднаш да се поврзе со стариот железничар.

Конечно, на Божиќ, возот пристигнува и железничарот тргнува по својот пат. Но, возот што доаѓа не е каков било воз. Тоа е локомитива каква што има само на старите филмови.

На крај дури се сфаќа дека всушност кусиот филм е емотивна приказна за моделите возови што ги произведува германската компанија „Märklin“. Во исто време, филмот е порака да им се посвети повеќе време на постарите лица, коишто се оставени сами. Воедно тоа е препознатливо во рекламните видеа на брендот „Märklin“.

Зад ова емотивно видео стои млада екипа. Тоа се режисерот Еуген Мерер и продуцентот Карли Бауман, студенти на Филмската акаденија „Baden-Württemberg“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме