Creative

СИТЕ СОЛЗИ НА АЕРОДРОМИТЕ: Авиокомпанија допре до срцата на патниците (видео)

31 окт 2018

Како да се прикаже суштината на патувањата, а тоа да не наликува на пазарска продажба на поволни летови? Компанијата Скандинавијан ерлајнс (SAS) има ново рекламно видео во кое ја нагласува емотивната страна на патувањата.

Видеото е наречено „The Arrivals“, а во него, во стилот на скриена камера, се снимени емотивните моменти кога пријатели, роднини, партнери се пречекуваат едни со други на аеродром.

Заедно со сцените исполнети со солзи, насмевки, прегратки и бескрајна радост, оди и нарација со која се нагласува дека суштинатa на патувањата е луѓето да се поврзат едни со други.

Во реализацијата на видеото се вклучени актери, но и реални луѓе, кај кои емоциите се уште поприродни и понагласени.
Снимањето било на Меѓународниот аеродром во Копенхаген.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме