Creative

„БУРГЕР КИНГ“ ПОВТОРНО ШОКИРА: Се рекламираат со возила што се забиле во нивните ресторани

04 ное 2018

Синџирот ресторани за брза храна, „Бургер кинг“, повторно ја шокира јавноста. Лани се рекламираше со фотографии од запалени нивни ресторани, а годинава брендот отиде во ново поле на несреќи.

Компанијата почна кампања со плакати на кои се прикажани фотографии од реални сообраќајки, во кои возачи, сосе своите возила, се забиле во рестораните на „Бургер кинг“.

Фотографиите се од цел свет каде што се лоцирани нивните ресторани и се прикажани секакви несреќи, од полесни, до потешки.

Се работи за реални настани, а фотографиите се преземени од новински агенции и од локални медиуми што објавиле за несреќите.

Кампањата е насочена кон охрабрување на потрошувачите да ја користат можноста за онлај нарачки, коишто можат да се направат преку апликацијта „DoorDash“.

Во таа насока е и логото на кампањата: „Оставете на нас“ (Leave it to us).

Според објаснувањето од компанијата, несреќите се случиле од повеќе причини. Најчесто се работело за невнимание на возачите, како на пример, гледање во мобилен телефон додека паркираат пред ресторанот.

„Овие сообраќајќи се многу почести, отколку што се мисли. Мобилните телефони се најчестата причина“, велат од компанијата.

За кампањата со запалени ресторани, којашто одеше под слоганот: „Flame grilled since 1954“, агенцијата „David Miami“ лани доби Гранд при на Фестивалот во Кан.

Годинава, зад кампањата со автомобилите застана агенцијата „LOLA MullenLowe“. Останува да се види дали и оваа агенција ќе добие награда.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме