Creative

КАКО СÈ ЗАПОЧНА: Емотивна приказна за Елтон Џон во новото божиќно видео на „Џон Луис“

15 ное 2018

Дојде и тоа, новото божиќно видео на британскиот синџир од стоковни куќи „Џон Луис“. Овојпат главен лик е легендарниот пијанист и вокалист, Елтон Џон.

Видеото ја следи кариерата на познатиот 71-годишен музичар во обратна насока, од сегашност кон неговата младост и детство.

На почеток видеото не наликува на празнична приказна, но како што се менуваат настаните, гледачот полека сфаќа дека пред себе има топла и добро спакувана боќиќна порака.

Кусиот филм завршува таму каде што Елтон Џон ги прави првите чекори во светот на музиката. Тој е мало дете, кому родителите му подаруваат необичен подарок. Тоа е клавир на кој тој почнува да ги свири првите ноти.

Пораката на крајот од видеото е: „Некои подароци, се многу повеќе од подароци“.

Зад осмислувањето на новата празнична реклама на „Џон Луис“ застана агенцијата „adam&eveDDB“.

За да се потсетите како изгледаат божиќните видеа на „Џон Луис“, во продолжение објавуваме неколку од нив.

John Lewis Christmas Ad 2017 - #MozTheMonster

John Lewis Christmas Advert 2015 - #ManOnTheMoon

John Lewis Christmas Advert 2014 - #MontyThePenguin

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме